ВИДЕО: „Два од два“ за Барса и Магдебург во ЛШ, Нант го совлада Пик Сегед

Момент од натпреварот помеѓу ланските финалист во ЛШ Барса и Келце/Барселона, Шпанија/22 септември 2022/фото: EPA-EFE/Enric Fontcuberta

Денеска се комплетираше и второто коло од групната фаза во ЕХФ Лигата на шампионите, Барселона како актуелен европски првак во новата сезона стигна и до втората победа во групата „Б“ откако на домашен терен со 32:28 го совлада ланскиот финалист Келце со 32:28.

Фабрегас беше најефикасен во редовите на каталонскиот гигант со шест голови, по пет имаа Гомез и Мем. За Полјаците најефикасен беше Морито со шест голови, а пет беа дело на А. Душебаев.

И Магдебург во рамките од групата „А“ ја запиша втората победа откако пред своите навивачи убедливо со 35:25 го совлада ППД Загреб.

Најрасположен кај Германците беше Хорнке со 11 погодоци, а на спротивната страна за хрватскиот првак доминираше Лејметер со пет голови.

ЕХФ Лига на шампиони 2022/2023

2. коло, резултати –

Група „А“

Магдебург – ППД Загреб 35:25
Порто – Веспрем 28:35
ПСЖ – Висла Плоцк 37:33
ГОГ – Динамо Букурешт 38:38

Табела: Магдебург 4 бодови, Веспрем 4, ГОГ 3, ПСЖ 2, Висла Плоцк 2, Динамо Букурешт 1, Порто 0, ППД Загреб 0.

Група „Б“

Елверум – Алборг 25:33
Барселона – Келце 32:28
Целје – Кил 38:36
Нант – Пик Сегед 35:30

Табела: Алборг 4 бодови, Барселона 4, Кил 2, Келце 2, Целје 2, Нант 2, Пик Сегед 0, Елверум 0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот