ВИДЕО: Два натпревари во НБА лигата одлучени со тројка во последната секунда

Германскиот кошаркар Макси Клебер погоди тројка пред звукот на сирената за пресврт и победа на Далас од 111:110 на гостувањето кај Лос Анџелес лејкерс, во важен меч за пласман во доигрувањето за титулата во НБА.
Иако Кајри Ирвинг со 38 поени беше најдобар стрелец во натпреварот, 31-годишниот Клебер беше херојот, Германецот во последните 7,2 секунди постигна шест од своите 10 поени.
Најпрво погоди три слободни фрлања за да ја намали негативата на Далас на 108:109, а откако Ентони Дејвис погоди едно од двете слободни фрлања, Клебер го упати победничкиот удар. Дејвис беше најдобар играч на домашната екипа со 26 поени и 10 скокови.
Победничка тројка на помалку од една секунда реализираше и Џабари Смит Јр. кој му помогна на Хјустон да слави над Њу Орлеанс со резултат 114:112.
Смит го заврши мечот со 11 поени, а кај неговите тимски колеги најефикасен беше Џејлен Грин со 25 поени. За Пеликанси доминираше Брандон Инграм со 31 поен и шест асистенции.
НБА, резултати –
Шарлот – Филаделфија 82:121
Атланта – Голден Стејт 127:119
Кливленд – Вашингтон 117:94
Чикаго – Минесота 139:131, 113:113 (по 2 продолженија)
Хјустон – Њу Орлеанс 114:112
Сан Антонио – Мемфис 120:126, 109:109 (по 1 продолжение)
Портланд – Бостон 112:126
ЛА Лејкерс – Далас 110:111