ВИДЕО | Два дена пред трагичното породување, Георгина и Роналдо правеле скара со пријателите

Кристијано Роналдо (37) и Георгина Родригез (28) вчера станаа родители на мало девојче, но нејзиниот брат близнак не го преживеа породувањето. Скршените родители веста ја објавија на социјалните мрежи, а многу познати личности им испратија пораки со поддршка.
View this post on Instagram
„Со неизмерна тага мора да објавиме дека нашето момче почина. Ова е најтешката болка со која може да се соочи еден родител. Само раѓањето на нашата ќерка може да ни даде сила да го преживееме овој момент“, напишаа меѓу другото.
Два дена пред да ја доживеат големата трагедија и да почувствуваат силна болка, семејството безгрижно уживало на скара со најблиските.
Георгина својот Инстаграм објавила видео од скарата, а меѓу гостите биле и нејзината сестра Ивана со партнерот, како и пријателите. Иако не е јасно каде се одвивало дружењето, се претпоставува дека друштвото се собрало по неговиот натпревар во Манчестер.
Медиумите сметаат дека Георгина имала закажано породување во болница во Манчестер, а со неа требало да биде и нејзината сестра Ивана. Ивана и нејзиниот партнер добија ќерка пред пет месеци, а малата може да се види и во видеото на Георгина.
По објавувањето на трагедијата, парот побара од јавноста приватност во вакви мачни времиња.
Роналдо и Георгина лани во октомври на Инстаграм ја објавија среќната вест дека чекаат близнаци.
View this post on Instagram
Голема трагедија: Роналдо објави дека почина неговиот новороден син
По семејната трагедија: Емотивна објава на сестрата на Кристијано Роналдо