ВИДЕО | Дувњак: Вештаците никој повеќе не ги контролира, а се битни за донесување пресуди

Гордана Дувњак / Утрински брифинг

Важна а запоставена тема од областа на судството и правдата се вештачењата, кои се дел од сите покомплексни и покомпликувани судења, а мислењето на вештаците треба да ја олесни правдата. Сепак, минатата недела имавме барање од Обвинителството за одземање на лиценца на пет вештаци. За ова во денешен Утрински брифинг разговаравме со Гордана Дувњак.

-Вештачењата понекогаш се клучен елемент за донесување на пресудата. Некои предмети се комплицирани и вклучуваат други области и професии, а судиите се правници. Често се случува долго да се чекаат вештачења, понекогаш вештаците уценуваат прво да им се плати за да достават вештачење, а понекогаш вештачењата се спорни или на вештаците им се истечени лиценците со што може да се загрози предметот. Судот може да побара супервештачења, оти сите имаат право да побараат вештачење. Во случајот Топлик, на пример, Обвинителството тврди дека вештаците излегле од својата експертиза, вели Дувњак.

-За вештаците е задолжено Министерството за правда. Според мое искуство пред два три месеца при изработка на тема имав потреба да добијам информација што се случува со едно вештачење, а станува збор за семејство на жртва на сообраќајка а виновникот е ослободен врз основа на вештачење. Дознав дека Комората на вештаци не функционира, а повеќе од две години е изминат мандатот на управниот одбор на комората, објаснува Дувњак.

Битно е да имаме квалитетни вештачења, но и да не се дозволи државата да се меша. Вештачењето е многу битно за донесување одлука и затоа треба да биде квалитетно, вели Дувњак.

-Има тарифи за вештачење кои се јавно објавени. Но, не сум сигурна колку вештаците се држат до тие тарифи. Погубно би било за правдата ако се плаќа повеќе оти клучен е кредибилитетот, особено во ситуација кога нема контрола врз нивната работа. Сето тоа е на штета на правдата и затоа Министерството за правда треба сериозно да ги сфати забелешките за вештаците и да води контрола, посочува Дувњак за Утрински брифинг.

-Некој треба да утврди ако некое вештачење било лошо. Постои можност за одземање на лиценца при груби нарушувања. Мора да има убедливи аргументи зошто тоа вештачење е такво, а не паушални оценки да се даваат. Вештачењата треба да бидат уверливи, укажува Дувњак.

Целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот