ВИДЕО: Дуро „златна“ резерва, Гризман имаше мајсторија на „Местаља“

Уго Дуро донесе бод за домаќините од „Местаља“ во финишот против Атлетико Мадрид во „Ла Лига“/Валенсија, Шпанија/7 ноември 2021/Фото: EPA-EFE/Biel Alino

Се одиграа уште два меча од 13 коло во најсилното шпанско првенство, Атлетико Мадрид како гостин ремизираше 3:3 сп Валенсија, а Виљареал со 1:0 беше подобар од Хетафе.

„Јорганџиите“ водеа на стадионот „Местаља“ со 0:1 преку Суарез кој стрелаше во 35 минута од средбата. На стартот од вториот дел неизвесноста на овој меч се врати после автоголот на црногорскиот интернационалец Савиќ (50`).

Во 58 минута Гризман се потсети на најдобрите денови и го постигна досега можеби својот најубав гол во дресот на Атлетико.

Хрватот Врсаљко во 62 минута се погрижи за 1:3 и тука сите сметаа дека победникот е веќе познат.

Но, домаќините не се предаваа, во 85 минута во игра влезе Дуро кој во финишот постигна два гола, во 92 и 96 минута.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот