ВИДЕО: Дуплантис оствари светски рекорд на атлетскиот митинг во Белград

Арманд Дуплантис со светски рекорд од 6,19 метри/Фото: EPA-EFE/JEAN-CHRISTOPHE BOTT

Шведскиот атлетичар Арманд Дуплантис денеска на митингот во Белград (Србија) го урна светскиот рекорд во скок со стап.

До истиот резултат, 6,19 метри, дојде со голема поддршка од трибините во белградската Арена, од третиот обид.

Тој го надмина сопствениот рекорд од Глазгов (Шкотска) минатата година кога имаше резултат од 6,18 метри.

Ова е одлична увертира за Светското првенство кое на 18 март ќе биде одржано токму во Белград.

Швеѓанецот Дуплантис има само 22 години, во кариерата освои олимписко злато во 2021 година, светско сребро (2019) и европско злато (2018) на отворено. Минатата година на континенталниот шампионат во сала исто така се закити со титулата шампион.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот