-2 C
Скопје

ВИДЕО: Дуетот на Лејди Гага и Аријана Гранде прогласен за песна на годината

Британскиот „Guardian“ хитот на Лејди Гага „Rain on me“ го прогласи за најдобра песна објавена во 2020 година…

Дуетот кој поп ѕвездата го сними со Аријана Гранде, е прогласен за најдобра песна за оваа година. Како што наведува магазинот, песната совршено отсликува, метафорично, што значи тоа „танцување на дождот“.

Тие наведуваат дека овој дует бил еден од најинтересните моменти во глобалната поп култура, и покрај „исклучително досадната година“ полна со проблеми во разни сегменти. Магазинот исто така наведува дека текстот на песната опишува што значи да се живее во 2020 година, но она најважното, дава трошка надеж дека работите можат да тргнат на подобро.

Песната е објавена во мај оваа година. Имаше најголемо деби за женскиот дует на стриминг сервисот Спотифај, а на Јутјуб брои повеќе од 200 милиони прегледи. Исто така е номинирана и за најдобар дует на претстојните Греми награди.

Прочитајте и...  ФОТО: Мистериозна статуа во мраз ги преплаши посетителите на еден парк во Америка

Преземено од Еспресо.мк

 

 

Поврзани вести

ФОТО | „Доста беше“: Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ роденденски ја запроси девојката Сања

СП.

Бела Торн застана во одбрана на својот колега: Нема шанси тој да е канибал

Слободен Печат

ФОТО: Мистериозна статуа во мраз ги преплаши посетителите на еден парк во Америка

Слободен Печат

Ријана ја најави новата колекција на долна облека за Денот на вљубените (18+)

Слободен Печат

Документарец од кој ќе ви замрзне крвта: „Ноќен прогонувач: Лов на сериски убиец“

Слободен печат

Алпинисти за прв пат во историјата во зима го освоија „К2“ – вториот највисок врв во светот

Слободен Печат

Остави Коментар