ВИДЕО: Дуа Липа како каубојка во нејзиниот нов спот

Instagram
Фото: Instagram

Британската поп – ѕвезда, Дуа Липа, со косовско потекло, објави нов спот за песната „Love Again“, уште еден во низата синглови од нејзиниот хит – албум „Future nostalgia“.

Спотот ја имаше својата премиера вчера, а за помалку од 24 часа собра повеќе од пет милиони прегледи.

На видеото Дуа Липа е облечена како каубојка, а во неколку сцени танцува сама или со неколку танчери во просторија која наликува на театар.

Фановите на пејачката се воодушевени од изгледот на ѕвездата, а вториот студиски албум на Липа го нарекуваат поп совршенство и го споредуваат со албумот на Мадона од 2005 година – „Confessions on a dance floor“.маг

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот