ВИДЕО | ДСЗИ нема регистрирано пренесување на коронавирусот внатре во градинките и училиштата

фото: МИА

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) во последните два месеца, има направено повеќе од 1.000 вонредни инспекциски надзори во правните субјекти кои се во негова надлежност, меѓу кои и градинките и училиштата.

– До овој момент немаме регистрирано пренесување на инфекција на САРС-Ков-2 внатре во градинките и училиштата. Претежно тоа се импортирани инфекции од надвор, изјави директорката на ДСЗИ Ирина Сотирова Бухова.

Во однос на зголемената смртност кај нас, ДСЗИ постапува со вонредни инспекциски надзори, следејќи го патот на лекувањето на одредени пациенти, од матичниот лекар до институцијата каде настапила смртта.

-Од кои причини настапила смртта, ДСЗИ иницира вонреден стручен надзор во однос на одредување дали има или нема лекарски пропуст во лекувањето. Согласно ингеренциите кои ги има ДСЗИ, онаму каде што има нотирано пропуст се постапува веднаш со изрекување на решение и со казнена одредба пропишана со закон, истакна Сотирова Бухова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот