ВИДЕО | Државата мора да ги консултира лицата со хендикеп за да донесе исправни решенија

Елена Кочоска, Полио плус / Утрински брифинг
Елена Кочоска, Полио плус / Утрински брифинг

Денес е 3 декември, Меѓународен ден на лицата со посебни потреби.

-Впечатокот е дека за овој проблем се зборува само на овој ден, а причината за тоа е што ова прашање политичарите не  го поставија на повисоко ниво, како приоритет. Ние во 2006 година ја потпишавна а 2011 година ја ратификувавме Конвенцијата на правата на лицата со посебни потреби. Но, оттогаш се преземени многу малку активности за имплементација на оваа конвенција, вели Елена Кочоска од „Полио плус“.

Таа вели дека по прашањето на пристапност на лицата со физички хендикеп како држава имаме сериозен проблем, оти рампата е само дел од пристапноста. Проблемот е што никој не поднесува одговорност поради неспроведување и неовозможување на пристапноста. Кочоска предлага ова прашање во своите буџети да го внесат и новите градоначалници.

Друг проблем е вработувањето на лицата со физичка попреченост за што владата воведе посебни мерки за субвенционирање на работодавачите, но се покажа дека многу често се случуваа злоупотреби од страна на работодавачите.

Проследете го целиот разговор во видеото

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот