ВИДЕО: Дрим-тимот на ПСЖ на колена, Рен им го нанесе првиот пораз на Меси, Нејмар и Мбапе

Прв пораз за Лео Меси во дресот на ПСЖ/ фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Фудбалерите на Рен во деветтото коло од француската Лига 1 го приредија најголемото изненадување победувајќи го фаворитот ПСЖ со 2:0.

Ова е прв пораз сезонава за тимот полн со фудбалски ѕвезди како Лионел Меси, Нејмар, Килијан Мбапе, Серхио Рамос.

Иако доминираа во поголем дел од натпреварот, „светците“ најчесто се закануваа преку Нејмар и Меси, но не успеаа да постигнат гол и беа казнети поради тоа. Резултатот го отвори Лаборд по асистенцијата на Сулеман во 45 минута.

Во првиот напад во второто полувреме, Рен поведе со 2:0 откако Таит го совлада Донарума.
Фудбалерите на ПСЖ се обидоа да се вратат во игра но не успеаја да го избегнат поразот. Килијан Мбапе постигна гол за ПСЖ кој беше поништен поради офсајт и тоа беше се што фаворитот успеа да направи на гостувањето кај Рен.

Згора на тоа, во текот нав целиот натпревар, фудбалерите на ПСЖ не успеаја да упатат ниту еден шут во рамки на голот на домашниот тим.
И покрај поразот, ПСЖ е лидер на табелата со 24 бода, шест повеќе од второпласираниот Ленс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот