ВИДЕО: Драматично спасување на девојка која сакаше да скокне од зграда во Куманово

Снимка на која се гледа како неколкумина полицајци со крајни напори спасуваат девојка која сакала да скокне од покрив на зграда во Куманово, е објавена на социјалните мрежи.

На видеото снимено од минувач, кое го објави ФБ-страницата „Без цензура“, се гледа како девојката се држи за работ од покривот на зградата, која е дел од затворената фабрика „Житомел“ во градот. Напомош веднаш пристапи еден од полицајците, кој успеа да ја задржи, а потоа му помогна и неговиот колега.

Според кумановската полиција, драматичниот настан се случил пред два дена, а девојката која се обидела да се самоубие, по успешното спасување, била пренесена во Итната медицинска помош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот