ВИДЕО: Драма во Торино, Влаховиќ во 95 минута му донесе бод на Јуве

Душан Влаховиќ треба да се опорави од повреда која ја влече долг период/Торино, Италија/16 април 2022/Фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Фудбалерите на Јувентус одиграа нерешено против Болоња со резултат 1:1 во натпреварот од 33 коло во италијанската Серија А. На теренот во Торино малку недостасуваше гостите непријатно да ја изненадат „Старата дама“, но српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ во финишот се погрижи домаќините да го избегнат поразот.

Болоња поведе со голот на Марко Арнаутовиќ, гостите само минути ги делеа од голем триумф, но потоа се појави Влаховиќ кој стигна до шестиот гол во дресот на Јуве во шампионатот.

Немаше многу возбудувања во првото полувреме, но во второто следуваше вистинска драма. Во 52 минута Арнаутовиќ им избега на дефанзивците на Јувентус и после асистенцијата на Сориано стрелаше за 0:1.

Следуваа неколку одлични шанси на домаќините за израмнување, но без реализација. Во самиот финиш од средбата гостите останаа со двајца играчи помалку. По ВАР снимката, директен црвен картон доби Адами Сумаоро поради прекршок како последен играч на одбраната, а тоа посебно го налути Гари Медел.

Медел крајно лут на судијата, директно во лице и за 10 секунди доби два жолти картони. Тренерот Синиша Михајловиќ беше загрижен бидејќи на теренот имаше само девет играчи. Болоња не успеа до крајот да го задржи водството, во 95 минута повторно херој на Јуве е Влаховиќ.

Јувентус е на четвртото место со 63 бодови, додека Болоња е на 14 место со 34.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот