ВИДЕО | Драма во ТЦ „Буњаковец“: Крадец неуспешно се обиде да украде велосипед, па „изеде“ ќотек

Денес на социјалната мрежа Твитер беше објавено видео кое сведочи неуспешна кражба на велосипед, при што крадецот е фатен и натепан од друго лице, сведок на кражбата.

– Ова треба да им следи на сите „лопови“. Редовното крадење велосипеди вака резултира кај граѓаните кога полицијата не презема ништо, стои во описот на видеото.

Според членовите на групата „Украдени точаци“ на Фејсбук, станува збор за кражба во ТЦ „Буњаковец“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот