ВИДЕО: Драма во Грузија: Неидентификувано лице нападна банка, зеде 20 лица за заложници и бара пола милион долари

Фото: youtube/printscreen

Неидентификуван напаѓач зеде 20 луѓе за заложници во банкарска експозитура во Грузија. Нападот е извршен во градот Зугдиди, соопшти полицијата.

Полицијата е во преговори со напаѓачот. Според локални медиуми тој побарал пола милион долари, облелен е во маскирна униформа и носи маска на лицето. За исполнување на своето барање, дал рок од два часа на полицијаците.

Полицијата уште информира дека напаѓачот ослободил една бремена жена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот