ВИДЕО | Драма во Ерусалим: Еден мртов, тројца ранети

Израелска полиција
Израелска полиција/ Фото EPA-EFE/ABIR SULTAN

Еден човек загина, а тројца се повредени во напад во неделата во близина на западниот ѕид во Ерусалим. Напаѓачот бил убиен од безбедносните сили.

Поради тоа полициските сили го затвориле Стариот град, јавува Харец.

Пукањето се слушнало пред ридот на храмот во стариот град Ерусалим.

Итната помош соопшти дека во престрелката се ранети две жртви кои се префрлени на лекување во болница. Една од жртвите, на возраст од триесет години, со повреда на главата била евакуирана во болница и им подлегнала на раните.

Медицинскиот центар Хадаса соопшти дека друга жртва, 46-годишна, е во стабилна состојба.

Од истрелите полесно се повредени двајца полицајци.

Првичните информации велат дека напаѓачот пукал од импровизиран митралез.

Видео на денот