ВИДЕО: Драма во Данска, бруталниот убиец на новинарката побегна од затвор и се заканува со бомба

epa08758727 Peter Madsen (up) tries to escape prison in Albertslund, Denmark, 20 October 2020. Madsen was convicted of the 2017 murder of Swedish journalist Kim Wall on board his submarine, UC3 Nautilus, and sentenced to life imprisonment in April 2018. EPA-EFE/Nils Meilvang DENMARK OUT

Данскиот пронаоѓач Петер Мадсен, кој е осуден за бруталното убиство на шведската новинарка Ким Вал во својата подморница, се обиде да побегне од затвор во Данска во кој служи доживотна казна.

Мадсен наводно поминал покрај затворските чувари тврдејќи дека кај себе има бомба, пренесува британски Експрес.

Медиумите кои се на самото место пренесуваат дека полицијата го опколила и дека патот е блокиран.

Неколку снајперисти наводно се наоѓаат во близина на затвореникот, а тоа е на пред затворот кој е лоциран во предградие на Копенхаген.

Медиумите пренесуваат дека Мадсен околу стомакот носи „предмет што личи на ремен“, а на самото место се наоѓаат и експерти за деактивирање на бомоби.

Според последните информации, Мадсен е уапсен брзо по бегството.

Питер Мадсен пред затворот на нишан на полицијата/ Копенхаген, Данска 20 октомври 2020/ Фото: EPA-EFE/Nils Meilvang DENMARK OUT

На објавните фотографии се гледа како Мадсен седи покрај ѕидот, додека околу него се чувари.

Инаку, Мадсен во април 2018 година е осуден на доживотен затвор за убиството на шведската новинарка Ким Вал во подморницата од сопствено производство, во 2017 година. Мадсен тогаш одлучи дека повеќе нема да се жали пред Врховниот суд за пресудата, со што таа стана конечна.

Подморницата во која брутално беше убиена шведската новинарка/ Фото: EPA/Jens Noergaard Larsen DENMARK OUT

Во текот на судењето Мадсен тврдеше дека смртта на новинарката во неговата подморница била несреќен случај, но призна дека го распарчил нејзиното тело и деловите ги фрлил во море.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот