ВИДЕО | Драма во Бразил: Додека снимале чудно движење им се преполови градскиот автобус

За време на патувањето со јавен превоз во Бразил, патниците успеале да забележат неверојатна сцена. Плашејќи се за нивната безбедност, неколку патници во задниот дел од автобусот ги извадиле своите мобилни телефони и го снимиле зглобниот дел од автобусот, кој се одвоил во тој момент.

Видеото е објавено на социјалните мрежи денес, а како што се наведува, возачот не знаел може да се случи. Во описот на видеото се вели дека патниците забележале дека нешто чудно се случува во зглобниот дел на автобусот.

Сепак, никој од патниците не го информирал возачот за тоа туку почнале да снимаат во исчекување што ќе се случи. Возачот почувствувал дека нешто не е во ред со движењето и почнал да го забавува движењето кога наеднаш пукнал зглобниот дел и се преполовил автобусот.

 

На видеото не се гледа дека има повредени. Не е познато што се случило со задниот дел од автобусот во кој останаа дел од патниците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот