ВИДЕО | Драгана Мирковиќ го отстрани обезбедувањето за да ѝ пријдат обожавателите: Публиката пред сè!

Фото: Принтскрин / Јутјуб

Пејачката уште еднаш покажа зошто важи за една од најголемите ѕвезди на Балканот. Драгана Мирковиќ од почетокот на својата кариера има одличен однос со фановите, а тоа уште еднаш го покажа на еден од нејзините настапи.

Имено, на една страница на социјалната мрежа Инстаграм е објавено видео од еден нејзин неодамнешен настап, а спонтаноста на Драгана ги воодушеви сите.


Иако за време на нејзиниот настап ја следат група мажи задолжени за обезбедувањето на пејачката во еден момент Драгана им покажува да се оддалечат од неа за нејзините фановите слободно да и пријдат и да се фотографираат со неа.

Ова видео воодушеви многумина и уште еднаш покажа дека Драгана и покрај успехот во кој ужива со децении, остана приземјена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот