ВИДЕО | „Дотерај се малку, сестро“: Српски свештеник стана хит по неговата изјава за неверство во брак

Арсениј
Српски православен свештеник Арсениј / Фото: Принтскрин Јутјуб

Српскиот православен свештеник, односно монах Арсениј деновиве е топ тема во регионот и стана хит на „Твитер“ поради неговата изјава за неверство во брак.

Монахот Арсениј зборуваше за машко-женските односи и рече дека многу жени му се жалеле дека нивните сопрузи ги изневеруваат.

„Секогаш треба да се грижите за својот изглед за да бидете убави и привлечни. А не само за време на периодот на запознавање и состаноците. Знаете, многу често сме супер и се дотеруваме додека се забавуваме, а потоа „ајде,пријатно“! Тој веќе не внимава на себе, таа се здебелила, била разбушавена… Тој пуштил стомак, му смрдат нозете, подждригнува… и уште многу полоши работи“, го започна своето излагање свештеникот.

„Мораме да се трудиме да бидеме секогаш привлечни. Кај мене доаѓаат жени и ми велат: „Маж ми ме изневерува!“. А таа онака, целата нешто… Па им велам: „Па, дотерај се малце, сестро. Да бидеме попривлечни…“, заклучи тој.

„Твитер“ е преполн со објави поврзани со говорот на свештеникот, а „облечете се малку, сестро“ лесно може да стане нова шега на таа социјална мрежа.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот