ВИДЕО: Донесе триумф против Пандев, а Мурињо вети дека ќе му купи патики

Тинејџерот од Гана беше „златна резерва“ во триумфот на римската „волчица“/Џенова, Италија/21 ноември 2021/Фото: EPA-EFE/SIMONE ARVEDA

Во рамките од 13 коло во најсилното италијанско првенство составот на Рома триумфираше како гостин против Џенова со резултат 0:2.

На клупата на Џенова дебитираше новиот тренер, Украинецот Андриј Шевченко, а капитенската лента кај домаќините ја имаше македонскиот напаѓач Горан Пандев кој беше стартер и настапи до 63 минута кога мрежите сè уште мируваа.

Стрелци на двата гола за римската „волчица“ беше интернационалецот од Гана, младиот Феликс Афена-Гјан. Овој 18-годишен фудбалер влезе во игра од 74 минута, а своите голови ги реализираше во 82 и 94 минута.

Тоа беше седми триумф за Рома и моментно петто место на табелата во Серија А со 22 бодови, додека Џенова е во опасната зона за испаѓање на 18 позиција со девет бодови.

Афена-Гјан славејќи веднаш истрча директно кај тренерот на Рома, Жозе Мурињо и го потсети на ветувањето што му го дала. Португалецот објасни за што се работи:

– Му ветив на Феликс дека ќе му купам патики кои многу му се допаѓаат, а се многу скапи и чинат 800 евра. Тој притрча до мене и ми рече да не го заборавам тоа ветување. В понеделник наутро ќе му купам патики и тоа ќе биде првото нешто што ќе го направам – низ насмевка откри Мурињо.

ВИДЕО: Интер ги совлада Елмас и Наполи и се вклучи во трката за титулата