ВИДЕО: Дончиќ ја доби балканската преметка со Јокиќ

фото: EPA-EFE/LARRY W. SMITH

Кошаркарите на Далас маверикс го совладаа Денвер нагетс со 111:101 и ја прекинаа серијата од пет победи на тимот од Колорадо.

Овој натпревар претставуваше балканска пресметка помеѓу најдобрите играчи на двете екипи, Лука Дончиќ и Никола Јокиќ.  Словенецот постигна 23 поени, додека Јокиќ оствари дабл-дабл од 36 поени и 16 скокови за Денвер.

Клучен момент за победата на Далас беше серијата од 17:6 на стартот од последната четвртина со која дојдоа до предност од 98:88.

Атланта хоукс со 129:111 го победи Орландо меџик благодарение на одлличната игра на триото Јанг, Колинс и Богдановиќ кои постигнаа вкупнно 66 поени. Со оваа победа Атланта има скор од 6-9 и се наоѓа на 13 место на табелата во Источната конференција.


Втора победа по ред оствари и Мајами хит кој со 103:90 ја совлада Оклахома сити. Тајлер Хироу и Данкан Робинсон имаа одлична шутерска вечер со 26 односо 21 постигна поен, притоа давајќи заедно десет тројки.

Портланд благодарение на добрата игра на Си Џеј Меколум во последната четвртина го победи Торонто со 118:113. Меколум постигна десет поени во последната четвртина, а натпреварот го заврши со 29 поени. Демиен Лилард беше а своето ниво со 24 поени, додека кај Торонто, О Џи Ануноби беше најрасположен за игра со 29 поени.


Чикаго булс го совлада ЛА лејкерс со 121:103. Демар Дерозан беше фантастичен со 38 поени, а добра партија прикажа и поранешниот „езерџија“ Лонзо Бол со 27 поени.
Кај Лејкерси најдобар беше Тејлен Хортон со 29 поени, додека Расел Вестбрук постигна 25.

Резултати:
Кливленд – Бостон 92:98
Детроит – Сакраменто 107:129
Вашингтон – Њу Орлеанс 105:100
Атланта – Орландо 129:111
Њујорк – Индијана 92:84
Далас – Денвер 111:101
Мемфис – Хјустон 136:102
Минесота – Феникс 96:99
Оклахома – Мајами 90:103
Портланд – Торонто 118:113
ЛА Лејкерс – Чикаго 103:121

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот