ВИДЕО | Дончиќ и Далас немаа сили за пресврт, Бостон по 18. пат шампион во НБА лигата

Фото: EPA-EFE/AMANDA SABGA

Тимот на Бостон изминатата вечер стигна до рекордната 18. титула во најсилното првенство во светот НБА лигата.

Во финалната серија, Бостон го победи Далас со 4:1. Бостон до клучната петта победа стигна на домашен терен со победа од 106:88.

Далас не се откажа и во минатиот натпревар намали на 3:1, но Дончиќ и друштвото не можеа до втора победа за останување во игра.

Најефикасен во таборот на новиот шампион беше Џејсон Тејтм со 31 поен, а признанието МВП во финалата серија му припадна на Џејлен Браун кој натпреварот го заврши со 21 поен. Лука Дончиќ за Далас уфрли 28 поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот