
ВИДЕО | Дончиќ ги водеше Лејкерси до триумф над Феникс
Кошаркарите Лос Анџелес лејкерс на домашен терен го совладаа Феникс санс со 107:96 (31:15, 23:22, 29:34, 24:25), со што ја прекинаа серијата од четири порази во американската професионална кошаркарска лига (НБА).
Препорачано
Најефикасен во тимот на Лејкерс беше Лука Дончиќ со 33 поени, 11 скокови и осум асистенции. Остин Ривс додаде 28 поени и шест асистенции, додека Џексон Хејс постигна 19 поени и шест скокови. Четирикратниот најкорисен играч (МВП) во НБА, Леброн Џејмс го пропушти натпреварот поради повреда на препоните.
Кевин Дурент беше најефикасен кај Феникс со 21 поен и девет скокови. Девин Букер забележа дабл-дабл со 19 поени и 11 асистенции, додека Рајан Дан постигна 13 поени.
Лејкерси се петти во Западната конференција со 41 победа и 25 порази, додека Феникс е на 11 место со учинок 31-37.
„Езерџиите“ на следниот натпревар во Лос Анџелес ќе го пречекаат Сан Антонио, додека Феникс ќе биде домаќин на Торонто.
НБА лига, резултати:
Далас – Филаделфија 125:130
Кливленд – Орландо 103:108
ЛА Лејкерс – Феникс 107:96
Портланд – Торонто 105:102
Бруклин – Атланта 122:114
Милвоки – Оклахома 105:121
Минесота – Јута 128:102
ЛА Клиперс – Шарлот 123:88
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
8час
-
10час
-
10час
-
10час
-
10час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5