ВИДЕО: Доминација на браќата Кари во НБА лигата

Стеф Кари (Голден Стејт) дојде до рекордни 5000 асистенции во НБА лигата/Фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Доцна синоќа составот на Голден стејт триумфираше над Сакраменто со 119:107 за досега максимален учинок од стартот на НБА сезоната, „три од три“ во Западната Конференција.

Натпреварот го одбележа Стеф Кари со 27 поени, но и 10 асистенции, по што ја надмина границата од вкупно 5.000 асистенции – како никој во историјата на Вориорс.

Го следеше Џордан Пол со 22 поени, додека Дрејмонд Грин имаше 14. Во редовите на Кингси, Харисон Барнс постигна 24 коша, а Ришон Холмс 16.

Оклахома загуби на домашен терен од Филаделфија (103:115), и овој дуел беше во знакот на Кари, но Сет, помладиот брат на Стеф, со 28 поени, од кои дури 23 во првата четвртина.

Во тој период имаше шест реализирани тројки од седум обиди, а потоа и уште една во самиот финиш кога дефинитивно им „пресуди“ на Тандерс кои сега се на 0-3 на Западот.

Најефикасен на мечот беше играчот на Оклахома Шај Гилџијус-Александер со 29 поени, а на спротивната страна Џоел Ембид запиша 22 поени, девет скокаи шест асистенции.

НБА лига, резултати –

Бруклин – Шарлот 95:111
Хјустон – Бостон 97:107
Њујорк – Орландо 104:110
Оклахома – Филаделфија 103:115
Сакраменто – Голден Стејт 107:119
Лос Анџелес Лејкерс – Мемфис 121:118

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот