ВИДЕО | Домашен трик кој ќе ви го промени животот: Од истуткана облека до совршено испеглани парчиња без да ја допрете пеглата!

Фото: Профимедиа

Погледнете го овој неверојатен трик кој ќе ви помогне да се справите со истутканата облека…

Пеглањето на алиштата е една од најдосадните домашни работи за повеќето домаќинки, а одзема и прилично многу време.

Извршниот директот на компанијата „Laundry Heap” откри еден трик со чија помош вашите алишта од машината за сушење ќе ги извадите како испеглани.

Се што треба да направите е во машината за сушење на алишта да ставите две до три коцки мраз.

Фото: Инстаграм

Не ја преполнувајте машината за сушење на алиштата

„Топлината на сушалната ќе го стопи мразот и ќе создаде пареа која ќе ги израмни сите набори на облеката“, изјави тој.

Овој трик ќе делува најдобро на помало количество на облека, па токму затоа тој советува да не ја преполнувате машината за сушење на алиштата.

Исто така, алиштата пред да ги здиплите и ставите во плакар, потребно е да ги одложите да стојат на рамна површина со цел да се досушат убаво или пак можете да ги закачите на закачалки на кои исто така ќе стојат израмнети и нема да се туткаат.

А времето кое мислевте да го поминете пеглајќи, сега слободно можете да го пренамените во време за гледање на некој одличен филм.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот