ВИДЕО: Домашен тренинг кој дава одлични резултати – Го затегнува и обликува секој мускул на телото!

вежбање
Фото: Unspash

Овој дваесет-минутен тренинг ќе го преобликува целото ваше тело…

Овој тренинг ги активира сите мускули на телото, го покренува метаболизмот и го започнува процесот за разградување на масните наслаги. Ако не верувате, издржете еден месец и резултатите ќе ви бидат сервирани!

Доколку го изведувате 4 пати во неделата, вашите резултати ќе пристигнат за еден месец. Со оглед на тоа дека станува збор за комбинација на кардио вежби и вежби за обликување, ќе имате помалку масни наслаги, но и обликувани мускули.

Од дополнителна опрема нема да ви биде потребно ништо.

Тренингот трае само 20 минути, а толку време секој од нас може да издвои за своето тело и здравје. Започнете со вежбањето уште денес, без никакво двоумење.

Доколку ви е напорно вежбањето во првите неколку денови можете да го паузирате видеото на 30 секунди меѓу сериите на вежби. Прилагодете го темпото на своето ниво на кондицијата.

Погледнете како изгледа тренингот и не се двоумете, правете го најмалку 4 пати неделно, резултатите се загарантирани. Доколку ви се појават болки во мускулите, редовно земајте магнезиум.

Преземено од Еспресо.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот