Видео: Долж границата со Белорусија се подига ѕид : Се очекува реакција на Лукашенко

Литванија најави дека најдоцна до септември ќе гп заврши поставувањето на заштитната ограда долга 508 километри долж границата со Белорусија , со цел да го запре илегалниот влез на бегалци.

Официјален Вилнус тврди дека претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, стои зад овој бран бегалци, кој неодамна достигна рекорден број илегални премини, објави Ројтерс.

Литванија Летонија и Полска предупредуваат за значително зголемување на бројот на бегалци што ја преминуваат својата територија од Белорусија и го обвинуваат Лукашенко дека ги користи бегалците за да изврши притисок врз ЕУ да ги укине санкциите против неговата земја.

Претходно и Полsка најави поставување ограда долж границата со Беlорусија..Таа според полските власти ќе биде висока 2,5 метри. Варашава најави дека ќе распореди дополнителен број војници кои ќе му помагаат на граничарите за да се спречи бранот на илегални премини во Послка од Белорусија.

Во последните месеци, бројот на илегални мигранти од Ирак, Сирија, Авганистан и други земји нагло се зголеми на границите на Белорусија со ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот