ВИДЕО: Долги редици во Њујорк за вакцинирање против мајмунски сипаници

Мајмунски сипаници Њујорк
Долги редици во Њујорк за вакцинирање против мајмунски сипаници / Фото Kena Betancur / AFP / Profimedia

Њујорк, град со осум милиони жители, стана епицентар на мајмунски сипаници и неговите жители, главно мажи на возраст меѓу 20 и 40 години, брзаат да се вакцинираат, формирајќи долги редици пред медицинските центри.

Во тој град во мај се појавија првите случаи на мајмунски сипаници, а на крајот на минатата недела се евидентирани 461 случај на таа инфекција. На почетокот на минатата недела ги имало 223.

Секој може да се зарази со таа болест, што се шири преку близок физички контакт, но вакцината Jynneos моментално е резервирана само за хомосексуалните мажи, кои го сочинуваат огромното мнозинство од заразените.

ЛГБТК за едницата во Њујорк е загрижена дека поради овој вирус нивната заедница дополнително ќе биде стигматизирана.

Центарот за вакцинација, основан во средно училиште во Бушвик, Бруклин, потсетува на линиите што се формираа за вакцината против Ковид-19. Мажите кои чекаа на ред едногласно потврдија дека имале среќа што воопшто успеале да закажат термин, јавија француски медиуми во репортажа.

На веб-страницата во шест часот наутро имало известување за 9.200 бесплатни места и се било пополнето за само седум минути. Експерт за анализа на податоци тврди дека оние кои се најактивни на социјалните мрежи имаат најголеми шанси да резервираат термин.

Поради недостиг на дози, центарот во Бушвик најверојатно нема да се отвори денеска, а комесарот за здравство Ашвин Васан истакнува дека на Њујорк му се потребни десетици илјади дози од вакцината.

Њујорк досега има потрошено 21.500 дози од вакцината, надевајќи се дека ќе го забрза процесот на вакцинација и очекува повеќе од 30.000 нови дози за целата држава.

Видео на денот