ВИДЕО: „Добредојдовте во Брегзит!“ Британците не смеат ни сендвич со шунка да внесат во ЕУ

Откако Британија ја напушти Европската Унија на 31 декември, Британците се соочуваат со ригорозните царински правила. Меѓу другото патниците кои влегуваат во Унијата не смеат да внесат месо и млечни производи.

Во виралната снимка која се споделува на социјалните мрежи се гледа како холандски граничари по деталната проверка на возилото беа принудени да остават еден Британец гладен. Тие му ги конфискуваа сендвичите со шунка.

„По Брегзит, веќе не можете да внесувате одредени видови храна во Европа, како месо, овошје, зеленчук, риба и такви работи“, рече холандскиот граничен полицаец.

Дел од видеото покажува како полицаец го прашува возачот дали има месо во завитканиот сендвич. Кога возачот одговори потврдно, граничарот вели „Добро, ќе ти го земеме“.

Изненадениот возач тогаш праша дали може барем да го задржи лебот, но одговорот беше: „Не, ние ќе земеме сè. Добредојдовте во Брегзит, жал ми е“.

Излегувањето на Велика Британија доведе до големи промени во економијата, бидејќи Велика Британија и ЕУ станаа одделни пазари. Според тоа за Британците важат правила во врска со патувањето, трговијата, имиграцијата и безбедносната соработка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот