ВИДЕО: Дизајнер од Јужна Кореја создаде „Трето око“ за корисниците на паметни телефони

youtube
принтскрин

Индустриски дизајнер од Јужна Кореја измисли сатирчно решение за „телефонските зомбиња“, односно корисниците на „паметни телефони“ кои не можат да го оттргнат погледот од телефонот ни секунда.

Паенг Мин-Вук (28), разви направа која ја нарече „Третото око“ – електронско роботско око што се закачува на главата. Уредот кој е дел од уметничко дело наречено „Phono Sapiens“, е програмиран да „го отвори окото“ кога ќе забележи дека главата на корисникот е наведната кон телефонот. Кога корисникот ќе се доближи на два метри од некаква пречка на патот уредот почнува да свири и да предупредува за иминентна опасност.

„Вака изгледа иднината на човечкиот вид. Бидејќи не можеме да ги одделиме очите од нашите
телефони, ќе ни биде потребно трето око“,
вели Паенг за „Reuters“.

Демонстрацијата на Паенг низ Сеул оваа недела привлече огромно внимание. „Ми изгледаше како вонземјанин со око на челото. Деновиве, на многу млади луѓе им се случуваат несреќи бидејќи вниманието им е посветено на телефонот. Ова може да биде добро за нив“, вели Ли Ок-Јо, жител на Сеул.

Паенг планира да развие и модел со камера за „Третото око“ што ќе биде поврзан со апликација за телефон, но тој нема план да го комерцијализира откритието – став кој може да се промени ако има голема побарувачка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот