ВИДЕО: Диви свињи шетаат низ улиците на Рим

Диви свињи шетаат низ улиците на Рим/ Фото Youtube screenshot Voice of America

Дивите свињи се сѐ почеста глетка на улиците на италијанската престолнина. Купиштата ѓубре по улиците ги привлекуваат дивите свињи на улицата, пренесува Скај њуз.  

Во последниве неколку години, граѓаните имаа се повеќе вакви средби со овие животни во Рим, а како главна причина се смета нерасчистената ситуација со градскиот смет што паѓа од преполните канти и контејнери. 

На снимката, која се појави на социјалните мрежи, се гледа како група диви свињи минуваат покрај автомобили и пешаци во Монте Марио, северниот дел на градот.  

„Ме исплашија, ги видов додека фрлав ѓубре, а тие потоа ме следеа“, изјави Роза Карлети, жителка на Рим, за Ројтерс.  

„Знаеме дека нема да нe нападнат, но ние секогаш држиме безбедна дистанца, бидејќи ако е мајка со младенчиња, постои ризик од напад“, рече жителот на Рим, Леонардо Зеноби. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот