ВИДЕО | Димовски: Обезбедуваме секојдневни тренинзи и формираме идни репрезентативци

Спортската академија е државно и средно училиште. Работи на принцип што се селектираат деца спортисти, во фудбал, кошарка, ракомет и тенис, и тие се примаат по селетивни тренизи. Наставата се одвива по скратен систем и денот почнува со тренинг, па доаѓаат на училиште и следат настава, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ Ванчо Димовски, директор на спортската академија.

-Начинот кој што го има во ФФМ е тоа како што би требало да изгледа скаутирањето. Преку државните првентства веќе се знаат кои се децата. Селекцијата се прави уште кога завршуваат 7-мо одделение. На пример таа генерација У-14 се прави веќе филтер кои деца би се слектирале за репрезентацијата. 34 деца има по паралелка. Услов ученикот да ја помине годината е 3.50. Со 4.0 просек секој ученик добива и право на стипендија, вели Димовски.

Целиот разговор со диреткторот на споортската академија Ванчо Димовски погледнете го во видеото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот