ВИДЕО | Димовски: Бараме минималната плата да изнесува 60% од просечната плата

Дарко Димовски претседател на ССМ / Утрински брифинг

Минимална плата значи основна плата и на тој начин ние ги штитиме нашите работници да не можат да земат помала плата, бидејќи знаеме во изминатиов период имаше работодавачи кои не сакаа да ја платат да основна плата, изјави за „Утрински брифинг“, Дарко Димовски претседател на ССМ.

– Но, бидејќи знаеме дека цените се зголемуваат, неопходно е таа минимална плата да се усогласи. Минималната плата е основна плата со коефициент 1, но на тој коефициент треба да се додадат тежината на работното место и степенот на образование. И оттаму викаме согласно работното место некои работници треба да земаат поголема плата, додава Димовски.

– Колективниот договор ни нуди повеќе видови на плата. Ние доставивме барање до Владата каде што бараме минималната плата да изнеусва 60% од просечната плата. Просечната плата расте, тоа добро, но минималната плата се усогласува секој март. Треба да ги следиме светските трендови во сѐ, па така и во платите, додава Димовски.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот