ВИДЕО | Димитровска: Улогата на ревизијата е да се утврди од каде партиите примиле и каде дале пари

Татјана Димитровска, ДЗР / Утрински брифинг

Државниот завод за ревизија како врховна ревизорска институција е задолжен за ревизија на финансиските извештаи на политичките партии, како и на јавните средства.

За системот на финансиско известување, во денешен Утрински брифинг разговаравме со претставничка од Државниот завод за ревизија.

-Учесниците во изборите имаа рок да достават финансиски извештаи до ДЗР и до ДИК, а ние сме должни да ги објавиме со цел поголема транспарентност, изјави за Утрински брифинг Тања Димитровска, помошник во Државниот завод за ревизија.

-На сите учесници во изборната кампања им испративме информации за рокот и образецот според кој треба да поднесат извештај. Требаше на 11 ден од почеток на кампања да достават извештај за донации на нивната трансакциска сметка. Од 122 учесници, 84 не доставиле. Доколку не ги достават овие извештаи, ДИК ќе ги суспендира средствата од буџетот за платено политичко рекламирање. -До денеска требаше треба да се поднесат два извештаи. На 20 ден треба да поднесат извештај за приходи и расходи на трансакциска сметка за текот на изборите. Ние како ДЗР ќе потсетиме за оваа должност на учесниците во изборите. Ние не сме репресивен орган, ние имаме само превентивна улога, а нашите извештаи се објавуваат на нашата веб страница. Укажуваме на греши и препорачуваме како да се постапи. Ние имаме улога од отворање до затворање на трансакциска сметка. Учесникот во изборите 30 дена по завршувањето на изборниот циклус е должен да поднесе извештај. ДЗР има електронски увид во сметките на учесниците во изборите со што по затворањето на кампањата можеме да ги провериме податоците што ни се доставени. Ако има разлики ние ги нотираме, а субјектите можат во рок од 10 дена да реагираат, објаснува Димитровска.

-Ако субјектот достави докази кои не сме ги зеле предвид, ние ќе се коригираме. Но доколку има индиции за прекршок извештајот го доставуваме до Јавното обвинителство, додава таа.

Целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот