ВИДЕО | Димитровска од ЛДП-ДОМ: Имаме програма за подобар животот на сите кумановчани

Теодора Димитровска, ЛДП - ДОМ / Утрински брифинг

Не се учи факултет за градоналник, и никој не доаѓа со искуство на функција. Јас сметам дека тимот е исклучително важен и дека политиките се креираат во рамките на тимот. Еден човек не може да знае за секоја политика и еден човек не може да знае сам како да води една локална заедница, посебно не една општина која е најголема во државата, изјави за Утрински брифинг Теодора Димитровска, кандидатка за градоначалник на Куманово од коалицијата ЛДП – ДОМ.

-За прв пат зборуваме за младите, зошто ни бегаат од државата и мислам дека ова е вистински чекор за државата и младите како да седат маса до маса, столче до столче со сите актуелни политичари и со оние кои имаат поголемо искуство од мене, додава Димитровска.

-Иако сум млада можам да направам плус за мојата општина. Нашата програма е пишувана од младите и од сите граѓани. Огромниот дел од програмата е зачинет за млади односно како да креираме град за млади, вели таа. -Огромниот дел од програмата е креирање посебна ставка за младите.

Целиот разговор со кандидатката на ЛДП – ДОМ, Димитровска, погледнете го во видеото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот