ВИДЕО | Димитров: Ако ја отвориме дебатата за граници, Балканот нема да има луѓе – додека разговараме за граници, граѓаните ќе ни заминат во Европа

Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров во гостувањето во Утрински брифинг се осврна на шпекулациите дека словенечкиот премиер испратил нон-пејпер до претседателот на Европскиот совет, во кој наводно се предлага поделба на БиХ, Македонија, Косово и Црна Гора.

-Не е до крај јасна ситуацијата. Мислам дека од мене би било неодговорно да влезам во тој домен на шпекулации дали имало или немало нон пејпер од Јанша. Треба д а следиме тоа што официјално пред камера изјавуваат портпаролите во ЕК, портпаролот на европскиот Совет Мишел, самиот Јанша. Но мислам дека не смееме да бегаме од дебата и од изразување на јасна макадонска позиција по ова прашање, бидејќи се работи за пресериозна теза. Јас повеќе би сакал шпекулациите и наводите во медиумите ширум Балканот да ги искористиме да поразговараме за теза, бидејќи таа теза ќе излезе малку па пак ќе се врати. Беше актуелна во контекст на разговорите Приштина – Белград. Ние на Балканот имаме искуство, н така одамна, што се случува кога тезата дека не можете да живеете ако не сте опкружени само со луѓе како вас, од вашата етничка група, стане официјална и реална политика. Ние за жал сме регион каде крајот на минатиот век имаше многу злосторства, жртви, војна. Кога границите следат етнички линии тоа е пракса од времето на колонијализмот. Во Европа нема баш промена на граници. Последната во западна Европа е слободната Ирска држава има и со крајот на Втората светска војна. Ова што се слуичи со Чехословачка и Југославија, тоа се гранции кои што веќе беа воспоставени меѓу единките што ги создадоа тие држави. Целата ЕУ започнува како мировен проект и се темели на концептот на намалување на значењето на границите. Мислам дека било кој кој што малку се грижи за стабилност и иднината на Балканот би требало да верува во европската теза – ние треба границите да ги направиме што помалку видливи и релевантни , а не да се фокусираме на границите бидејќи тка нема да има крај, изјави во Утрински брифинг Никола Димитров, заменик претседател на Владата задолжен за европски прашања.
Брисел, Берлин, Париз и ставот на Вашингтон се многу важни. Мислам дека со сегашната администрација во Вашингтон ние ќе видиме еден континуитет на американската политика кон Балканот, кој што во контекст на претходното отворање на оваа тема, амбасадорот Џејмс Пердју во колумна ја образложи, цитирајќи еден од принципите на Охридскиот договор кој вели – Нема територијални решенија на етнички прашања. Дури има и цивилизациски пораз ако ние во 21 век во Европа на некој начин прифатиме дека не сме способни да живееме во различност и дек ане сме способни да се грижиме за правата на различниот од нас. Многу е тешко да се нацртаат етнички линии. Секогаш ќе има нешто што ќе остане мултиетничко. Митот за големите држави постојат на Балканот. Берлин застана многу јасно дека иднината на Балканот мора да е европска и границите наместо да размилуваме дали ни се добро да ги направиме нерелевантни, невидливи, такви како што се европските. Берлинскиот процес продуцираше – заедничка економска зона, патување со лични карти, прифаќање на институциите н адругите држави за транспортот да оди побрзо, изјави Димитров.
-Ако ја отвориме дебатата за граници, Балканот нема да има луѓе. Додека разговараме за граници, граѓаните од Балканот ќе заминат во Европа, бидејќи нема да имаат трпение да чекаат европски живот да се обезбеди дома, вели Димитров.
Без разлика колку веруваме на мудроста, зрелоста, визијата на „големите“, наша задача е нашето гајлето секогаш сами да си го береме. Мисла дек ане сме во фаза кога решението за некое од отворените балкански проблеми ке дојде само од надвор. Скоро бев во Љубљана, немав срдба со премиерот Јанша, но има со претседателот Пахор и министерот за надворешни и таму не чув нешто вакво. Дебата беше дека е многу важно да иманапредок во ЕУ приказната, дек моментумот е поразнишан и дека првата меѓувладина конференција со нас ќе биде меѓу високите приоритети на словенечкото претседателство. Мислам дека е многу важно нашиот глас да се чуе секогаш кога ќе се отвори оваа тема, бидејќи ние живееме во овој регион и сме дел од него, рече Димитров.
https://www.youtube.com/watch?v=lXKiNjhIDIw

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот