ВИДЕО | Димитријоски: Aмбиција ми е да возам на големите трки како Тур де Франс или Џиро ди Италија

Велосипедист кој изминативе години е на тронот на друмскиот велосипедизам во Македонија. Освоено над 60 медали и пехари, од кои повеќето златни. Победник на ранг-листа во друмски велосипедизам во 2015 година, категорија до 13 години, го задржува местото и во 2016 година. 2017-та е победник на ранг-листа во друмски велосипедизам, категорија до 15 години, во 2018 исто така. Во 2019 е четврти на ранг-листата на друмски велосипедизам во категорија кадети и победник на ранг-листа во велокрос. А во 2020 година е втор на ранг-листа во друмски велосипедизам, повторно во категорија кадети и победник на ранг-листа во вело-крос. Сопственик на сите овие одличја е кичевчанецот Лука Димитријоски кој беше гостин во Утрински брифинг.

-Почнав пред 7 години, со мали трки. Полека полека со кратки тренинзи учествував на трки и на 10 години. Сега сум во категорија кадети до 18 години. Десетина медали ми се на меѓународно ниво. Во просек имам околу 4-5 тренинзи кои бараат физичка спремност. Работам со професионален тренер. тренирам и дома кога условите надвор не ми го дозволуваат тоа, вели за Утрински брифинг Димитријоски.

-Најголема амбиција ми е да возам на големите трки како Тур де Франс или Џиро ди Италија. Со многу тренинзи и желба за успех и ова е возможно, додава Димитријоски.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот