ВИДЕО: Димитриевски се пожали дека полицијата го следи, МВР тврди дека вршеле редовна контрола

максим димитриевски
Максим Димитриевски / Фото: МИА

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски со вклучување во живо на социјалната мрежа Фејсбук се пожали дека утрово полициско возило неколку улици го следело, а на улицата Лесковачка во Куманово го сопреле возилото во кое бил заедно со Дејан Димитриевски.

Градоначалникот се пожали дека полицијата не им образложила зошто ги сопрела и и дека само му било наредено возилото да го однесе на вонреден технички сервис.

– Возилото е ново со сета потребна документација. Станува збор за ептен ново возило. Со ваквиот свој потег полицијата ме онеспосубува да работам. Полицијата се однесува непрофесионално. Јавно го повикувам министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски да каже зошто постојано сум следен од полициски службеници, рече Димитриевски.

– За ова некој ќе сноси одговорност, додаде тој.

Од полицијата за „Слободен печат“ велат дека станува збор за редовна контрола на возила и дека законот важел за сите дури и за кумановскиот градоначалник.

– Патрола од сообраќајната полиција во Куманово го запрела возилото со кое денеска се превезувал актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски поради непрописно затемнети прозори на возило, информираат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот