ВИДЕО: Димитриевски одличен, Рајо ја урна Барса на „Камп Ноу“

Рајо Ваљекано оствари голем триумф на „Камп Ноу“/Барселона, Каталонија, Шпанија/24 април 2022/Фото: EPA-EFE/Alejandro Garcia

Фудбалерите на Рајо Ваљекано приредија изненадување совладувајќи ја Барселона на „Камп Ноу“ со 0:1 во натпреварот од 33 коло во шпанската „Ла Лига“.

Единствениот гол на мечот се случи во седмата минута, практично во првиот вистински напад на гостите, Гарсија во погодок ја круниса прекрасната асистенција на Паласон.

На теренот подоминантни беа домаќините, со повеќе шанси, но ниту една од нив денеска не искористија играчите на тренерот Чави.

Значаен придонес во големиот триумф на Рајо имаше и македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски кој се истакна со четири одбрани.

Нашито чувар на мрежата покажа уште еднаш дека е во многу добра форма, а сега тоа го докажа и на еден од најголемите стадиони во светот.

После 33 кола Барса е на втората позиција на табелата со 63 бодови, 15 помалку од водечкиот Реал на кој му е потребен само уште еден бод во последните пет кола да ја освои титулата. Рајо е моментно на 11 место со 40 бовови после 11 триумф сезонава.

Најинтересните моменти од натпреварот Барселона – Рајо Ваљекано (0:1) можете да ги погледнете ТУКА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот