ВИДЕО | Димитриевски киксираше, Рајо сепак го победи Елче со гол во 96-та минута

Рајо Ваљекано - Елче/3 октомври 2022/фото: EPA-EFE/JUANJO MARTIN

Рајо Ваљекано и Столе Димитриевски тешко дојдоа до трите бода против екипата на Елче, најслабиот тим во Ла Лига.

Не тргнаа добро работите за Рајо кога Боје после половина час игра го совлада македонскиот голман Столе Димитриевски кој лошо го процени изведениот корнер. Сепак, Рајо брзо се созема од шокот, па после осум минути Камело го изедначи резултатот.

Второто полувреме донесе подобра игра на Рајо, Елче успеа да упати само еден директен удар во овие втори 45 минути. Сепак, голот за победа стигна длабоко во судиското продолжение.

За голема радост на трибините погоди Унаи Лопез во шестата минута од продожение. Со овој триумф тимот на Димитриевски после седум кола дојде до 10-тата позиција на табелата со десет освоени бодови.


 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот