ВИДЕО | Димевски: Политиката во спортот не смее да ја има

Како и во секоја општествена сфера во нашава земја е присутна политиката. Јас сметам дека за неа место во спортот не смее да има, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ Даниел Димевски, претседател на МОК.

-Ние што сме во спортот јасно ни беше дека е веќе подолго време е акумулиран еден антагониран помеѓу МОК и повеќе претходни раководства во Агенцијата за млади и спорт. Јас не се сеќавам кога постоела некој синергија помеѓу овие две тела- вели Димевски.

-Ова е хронична болест која го тиштеше нашиот организам. Гангренозното ткиво кое го мачи македонскиот спорт се недоволно јасните и прецизни процедури. Целата концентрирана моќ е во Агенцијата, во едно мало тело кое го води еден ист човек 20 години кој е во лоши персонално односи со раководствата од МОК. И нас ни се случи тие интерперсонални несогласувања да ни се преточат и да ја загрозуваат целата организација две декади, вели Димевски.

Целиот разговор со претседателот на МОК погледнете го во видеото: 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот