ВИДЕО | Дигиталниот отпечаток и можноста за неговата злоупотреба

Често се трудам кога разговараме за интернет светот да направам парлела за реалниот свет – доколку ја фатиме чашката и оставаме отпечаток, истото се случува и со самиот пристап кон некоја апликација ние оставаме дигитален отпечаток. Пред се тука е локацијата од кај што пристапуваме, со каков уред…и тие податоци иницијално се користат за подобрување на корисничкото искуство. Но исто како и во реалниот свет, каде што не сите луѓе имаат чесни намери, често се случува да се злоупотреби тој дигитален отпечаток, изјави во Утрински брифинг Христијан Тасевски, ИТ експерт.
-Покрај дигиталниот отпечаток кој првично го оставаме, ние со секој клик и податок кој го внесуваме во апликацијата, овозможуваме да се прави профилирање на корисникот. Тој профил доколкку веб апликацијата го користи за да прикаже соодветна содржина, но делот со трговија на таквите профили на корисници во одредена мера влгува во категоријата злоупотреба, вели Тасевски.
Целиот разговор со Тасевски погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот