ВИДЕО | Дигитализацијата како современ метод во судските постапки, разговор со Андреј Божиновски

Ефикасноста на судството зависи од поврзаноста и дигитализацијата пред се како и интероперабилноста помеѓу останите органи на прогонот и секако новинарите. Ефикасно судство значи пристап до секој граѓанин и правен практичар и теоретичар до судскиот систем. Преку дигитализацијата се зголемува пристапот до правдата, изјави за Утрински брифинг м-р Андреј Божиновски, правен експерт.

„Ќе излезе прирачник за спроведување на судење од далечина кој е во авторство на неколку судии меѓу кои и претседателот на Основниот суд во Штип и јас како правен соработник. Тој прирачник ќе биде преведен на македонски јазик“, вели Божиновски.

„Хрватите соочувајќи се со истите проблеми со кои ние се соочуваме направија два паралени системи е -предмет и е-спис. Тие платформи овозможуваат поврзување на судовите, интероперабвилност со сите чинители на казнено-правниот процес. Тука хрватите воведоа можност секој граѓанин да може да го пребарува на соодветна страна списот каде што се изложени сите факти во однос на предметот што е добро и за новинарите и за јавност и за самите судии“, вели Божиновски.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот