ВИДЕО | Дигидог, робот куче: Необична и малку застрашувачка помош на полицијата на Њујорк

принтскрин/Youtube

Минатата година во полицискиот оддел во Њујорк бил вработен Дигидог – робот куче. Станува збор за модел кој досега веќе се користел во неколку случаи.

Но, иако е вработен да им „служи на луѓето“, граѓаните на Бронкс неделава боле вознемирени и шокирани од полициската акција во која главна улога имал Дигидог.

принтскрин/Youtube

Полицијата со него реагирала на дојава за случај на киднапирање во некој стан. Роботот влегол во зградата, но на местото на кое било пријавено киднапирањето немало никој.

Полицијата го вработила роботот токму за вакви и слични ситуации во кои постои голем ризик за животите на полицајците кои при влегувањето на непозната територија би можеле да бидат нападнати. Наместо тоа се испраќа Дигидог да ја извиди ситуацијата и да го отвори патот на полицијата.

Освен што може да се качува по скали и да се движи по нерамен терен, по снег и по дожд, Дигидог е опремен со сензори и камери благодарение на кои се движи и праќа слика во живо за полицијата од одредено место да може да следи што се случува на местото што го истражува. Има и звучници и микрофон па може и да користи за комуникација со осомничените.

Можете ли да си замислите еден Дигидог и на нашите улици?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот