ВИДЕО | Џорџ Клуни за родителството и безусловната љубов: „Ги учам децата како да кријат „Нутела“ во пижами“

Profimedia
Profimedia

Во интервју за емисијата „Today show“, Џорџ Клуни открил детали од брачниот живот со неговата сопруга Амал и како се снаоѓа во улогата на татко на близнаците кои комплетно му го промениле неговото секојдневие и ставови.

„За некои луѓе цел е да имаат деца, но тоа не беше и моја цел. Не размислував на тоа дека мојот живот ќе биде нецелосен без деца, веќе истиот беше прилично исполнет“, ја започнал приказната славниот актер.

„Тогаш ја запознав Амал и сфатив дека, мојот живот е празен. И кога пристигнаа нашите две деца, сфатив дека е неверојатно празен“, изјавил Клуни.

Познато е дека Џорџ и Амал ги имаат близнаците Александар и Ела.

Интересно е и тоа како Џорџ зборува за родителството … Имено, тој претпочита да биде татко отколку да биде холивудска ѕвезда.

„Се чувствувам како да припаѓам на некого, знам што значи дом и безусловна љубов“, додал Клуни.

„Мојата работа како родител е да ги учам децата да прават „ужасни“ работи. Сакам да ги учам да прават глупави работи што ќе ја шокираат нивната мајка. Ги научив како да кријат „Нутела“ во пижами и дека кога ќе си легнат, може да си ја извадат и да си ја изедат“, открил Клуни

Кога Амал ќе ги фати на дело почнува да вика, Клуни – мајсторот на шегата – знае дека успеал!

 

Видео на денот