ВИДЕО: Џорџ Клуни призна дека сам ја потстрижува својата коса веќе 25 години – Но кога откри со што, започнаа шегите на негова сметка

Instagram
Instagram

Еден од омилените холивудски актери Џорџ Клуни (59) откри дека сам си ја потстрижува косата веќе 25 години и дека употребува тример од 80-тите години од минатиот век, кој беше познат како „Flowbee“.

Имено, Клуни откри дека повеќе години не користи ножички за потстрижување на косата, ниту пак оди на фризер.

За време на викендот 59-годишниот актер се појави во емисијата „CBS Sunday Morning”, каде откри дека е сам свој бербер долги години.

„Се потстрижувам сам веќе 25 години. Мојата коса е многу силна и лесна за потстрижување, па немам каде многу да погрешам“, започна тој.

Клуни откри дека користи „систем за потстришување со вшмукување“ кој беше многу популарен во 80-те години од минатиот век, а тој тврди дека сè уште е многу задоволен од оваа направа.

„Пред многу години купив апаратче кое се вика „Flowbee“. Има во себе вшмукувач и тример. И се уште го имам. За средување на мојата фризура ми се потребни буквално 2 минути“, заклучи тој.

Фото: Принсктрин / CBS Sunday Morning

Клуни се пошегува дека нема да го тестира „FLowbee“ на својата сопруга Амал и додаде дека таа сепак оди на фризер.

Неговата изјава дека сам се потстрижува поттикна многу корисници на социјалните мрежи да се шегуваат на негова сметка, па така на Интернет започнаа да кружат урнебесни коментари за !„комплицираната“ машина од минатото.

„Слушај ти „обичен човеку“, ако го користиш „Flowbee“ тоа не значи дека ќе изгледаш како Џорџ Клуни“, гласеше еден од коментарите на Твитер.

Фото: Принсктрин / CBS Sunday Morning

Преземено од Еспресо.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот