ВИДЕО: Џонсон го нарече Трамп поранешен претседател

Британскиот премиер Борис Џонсон го нарече американскиот претседател Доналд Трамп „поранешен претседател” додека одговараше на прашања од членовите на Парламентот.

Пратеничката на британските лабуристи Анџела Игл го праша Џонсон дали има некој совет за неговиот „долгогодишен најдобар пријател” во врска со одбивањето на Трамп да ги признае резултатите од изборите, на кои, според проекцијата на американските медиуми, победи Џо Бајден.

Џонсон одговори дека тој „имал, односно, сè уште има добри односи со поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави”.

– Должност на премиерот на Велика Британија е да има добри односи со Белата куќа, додаде Џонсон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот