ВИДЕО: Џон Траволта им се заблагодари на оние што го поддржаа во најтешките моменти: Прв празник без мојата Кели

Џон Траволта и покојната сопруга Кели Престон / Фото: EPA/CJ GUNTHER
Поминаа четири месеци откако славниот актер Џон Траволта се збогува со сопругата Кели Престон, која во 58-та година од животот ја изгуби битката против ракот на дојка.

Иако актерот тогаш се изолираше и се повлече од јавниот живот, тој повремено преку објави им се јавува на фановите. Сега собра сила и по повод Денот на благодарноста во Америка да им испрати порака на следбениците.
 
View this post on Instagram
 

A post shared by John Travolta (@johntravolta)



„Само сакав да го искористам овој момент да ви се заблагодарам на сите вас кои ме поддржувавте на неверојатен начин оваа година. Среќен Ден на благодарноста. Како и секогаш, ви испраќам љубов“, изјави актерот во видео-пораката до своите фанови на Инстаграм. Да се потсетиме, Џон Траволта остана без својата најголема и единствена љубов, сопругата Кели. Нивната приказна е една од најубавите љубовни приказни во Холивуд. Минатата година парот прослави 28-годишнина од својата љубов и брак.
Фото: Инстаграм
„Само продолжи да живееш и сакаш, токму како што и таа би сакала“, „Кели би била горда на целата твоја сила и љубов кои ги шириш“, „Навистина се надевам дека ќе успееш да го пронајдеш својот мир и среќа уште еднаш“, се само некои од коментарите од неговите следбеници на Инстаграм.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот