ВИДЕО: „Џинот“ Марјановиќ изблокиран од 30 сантиметри понизок играч

принтскрин

Кошаркарот на Далас маверикс, Бобан Марјановиќ, е хит во НБА лигата и омилен кај навивачите поради големата височина, но таа овој пат не му беше адут.

Во поразот од Хјустон, Марјановиќ беше изблокиран од талентираниот 20-годишен Кенион Мартин јуниор и тоа на ефектен начин.
Дончиќ одлично го пронајде Марјановиќ во рекетот и кога се изгледаше дека тоа ќе биде лесно забивање, Мартин го изблокира центарот на Далас.
Интересно е што Мартин јуниор има 198 сантиметри, додека Марјановиќ е висок дури 224 сантимети.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот